Ayşe Sarıoğlu
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
САН ХОЗЕ ПИНУЛА (АА) - Најмалку 35 деца загинаа во пожар што го зафати центарот за деца во Гватемала, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот се случил во средата, а бројот на жртвите се зголемува од ден на ден. Од болницата во Гватемала наведуваат дека има деца кои сѐ уште се во животна опасност. Досега се идентификувани 17 деца.
Претседателот Џими Моралес повика да се реструктруира системот за социјалната заштита на децата во земјата.
По овој настан, стотици луѓе вчера се собраа пред претседателската палата и побара Моралес да поднесе оставка.
Откако избувна пожарот, 19 девојчиња беа пронајдени мртви во урнатините на спалните соби.
Според претходните податоци, пожарот бил предизвикан од децата кои биле сместени во центарот-прифатилиште, сакајќи на тој начин да укажат на лошите услови во установата.
Капацитетот на домот каде што избувна пожарот е 500 лица, но во него биле сместени 800 деца.