Tevfik Durul
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ШАНГАЈ (АА) – Три лица се ранети во експлозија која се случи на Меѓународниот аеродром Пудонг, кој се наоѓа во градот Шангај, во источниот дел на Кина, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалниот весник Шинмин, експлозијата се случила во влезната просторија на зградата од теминалот број 2, каде што два куфера на меѓусебна оддалеченост од 15 метри експлодирале во интервал од пет секунди.
Сопственикот на куферите бил приведен од страна на полицијата.
Во несреќата три лица се повредени од кои двајца се потешко, и истите се хоспитализирани.
Покрената е истражна постапка за утврдување на составот на експлозивот кој бил употребен, притоа сè уште не се добиени никакви информации околу веројатноста за терористички напад.
По создавањето на безбедносен обрач околу зоната на експлозијата од страна на полицијата, летовите на аеродромот Пудонг продолжиле да се одвиваат во нормален тек.