Zehra Ulucak
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Под шумската област северно од Гватемала, биле пронајдени градби од цивилизацијата на Маите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сајтот "phys.org", Марчело Кануто, од тимот кој ја спроведува работата, наведува дека истражувачите кои користаеле високо-технолошки ласерски скенери од воздух, достигнале речиси на 60.000 остатоци од периодот на Маите во областа Ел Петен.
Кануто, археолог од Универзитетот Тулан во САД, меѓу новооткриените објекти забележал дека има урбани центри со тротоари, куќи, тераси, церемонијални центри, канали за наводнување.
„Овие наоди се револуција во археологијата на Маите“, истакна археологот.
Тој наведува дека истражувачите веруваат дека популацијата на древната маиска цивилизација е „многу повисока" од претходните проценки и дека имала население од повеќе од 10 милиони, а тоа се потврудва со пронајдениот 14-километарски ѕид.
Потсетувајќи дека методот за далечинско набљудување познат како LIDAR (Детекција на светлината и откривање на растојанието) беше искористен во студијата, Кануто изјави дека на овој начин откритијата биле направени многу побрзо од традиционалните археолошки методи.
Цивилизацијата на Маите, владеела во регион што се протега од јужниот дел на Мексико до Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала. Цивилизацијата која се зголемила во 400 п.н.е и почнала да се развива и расте во 600 п.н.е., го живеела своето златна доба од 250-900 п.н.е. и пропаднала со шпанската окупација. Истражувањата во градовите на Маите покажуваат дека Маите достигнале многу високо ниво во многу области како што се астрономијата, математиката, архитектурата и уметноста.