Dejan Maksimoviç
14 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
САРАЕВО (АА) - Геолошките служби утринава регистрираа силен земјотрес со магнитуда од 6.9 во близина на границата меѓу Гватемала и Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на специјализираните портали кои се занимаваат со земјотреси, потресот се почуствувал на поширокото подрачје и во сите соседни земји. Се додава дека за ваквите земјотреси е вообичаено да не предизвикуваат цунами, бидејќи длабочината на хипоцентарот сериозно го ублажила потресот. Меѓутоа, се истакнува дека магнитудата е доволно силна да направи материјална штета, особено на постарите згради.
Геолошкиот завод на САД го регистрираше потресот во 7.29 часот по локално време, осум километри југозападно од Тахамулко во Гватемала, на длабочина од 111 километри.