Kübra Chohan
25 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Гватемала, Џими Моралес, најави дека земјата ќе ја пресели амбасадата во Израел од Тел Авив во Ерусалим (Кудс), пренесува Anadolu Agency (AA).
Моралес претходно имал телефонски разговор со шефот на израелската влада Бенјамин Нетанјаху.
„Разговаравме за одличните билатерални односи кои ги имаме од времето кога Гватемала го поддржа основањето на државата Израел. Главна тема беше враќањето на нашата амбасада во Ерусалим (Кудс). Издадов наредба до владата да ја започне потребната координација за да го направиме тоа“, порача Моралес на Facebook (Фејсбук).
Моралес не прецизираше кога би можело да се случи преместувањето на амбасадата на Гватемала.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на 6 ноември го призна Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел и најави преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот со 128 гласа за и девет против ја изгласаа резолуцијата со која се повикуваат САД да го повлечат спорното признание. Гватемала беше една од деветте земји што гласаа против резолуцијата.