Kübra Chohan
25 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелските сили повторно приведоа двајца од тројцата турски државјани кои беа ослободени по првото приведување во петок во Источен Кудс и најавена е нивна депортација, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската полиција во петок пред комплексот на Ал Акса од слобода лиши тројца турски државјани, а судот вчера ги ослободи со плаќање на кауција.
Двајца од тие турски државјани Абдула Кизилирмак и Мехмет Гаргили доцна синоќа повторно беа лишени од слобода и се товарат за пружање на отпор при приведувањето. Третиот турски државјанин кој во вториот наврат не е приведен Адем Коч со слобода ќе се брани на судот кој го товари за учество на недозволени демонстрации и нарушување на јавен ред.
Братот на повторно приведениот Кизилирмак, Билал за АА изјави дека четири часа не успаеал да стапи во контакт со приведениот брат и дека на крајот го контактирал неговиот адвокат Умејр Ахмед Мерид.
„Адвокатот ми кажа дека мојот брат Абдула и неговиот пријател Мехмет се предадени од страна на израелската полиција за имигранти и дека се одведени во Рамла кај Тел Авив за да бидат депортирани“, изјави Билал Кизилирмак.
Кизилирмак нагласи дека израелската полиција своеволно одлучила да ги приведе и депортира двајцата турски државјани за кои судот не донел таква одлука.
Истакнувајќи дека турските дипломатски претставништва во Тел Авив и Кудс го следат случајот, Кизилирмак изјави дека сѐ уште не е познато зошто и кога двајцата преведени ќе бидат депортирани.
Израелската полиција првобитно во петок ги приведе турски државјани кои воедно имале и белгиски државјанства. Очевидците на настанот изјави дека Кизилирмак и Каргили во моментот на апсење пред Ал Акса носеле белгиски пасоши и маици во бои на турското знаме.