Adel Ömeragic
29 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Пратеникот на владејачката Демократска партија на социјалистите (DPS), Миодраг Вуковиќ, е уапсен во Москва, како непожелно лице во Русија. Тој е уапсен на аеродромот „Домодедово“, а потоа е депортиран за Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Вуковиќ е уапсен во Москва како „персона нон грата“. Набрзо по неговото апсење одлучено е дека Русија ќе го депортира во Црна Гора.
Неговата дестинација не била Москва, туку транзит патувал за Минск, на парламентарниот собир на Централноевропската иницијатива.
Вуковиќ е еден од најстарите пратеници во црногорскиот парламент.