Amina Zorniç
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
ГВАТЕМАЛА (АА) - Отровната река во депонијата е единствената можност за опстанок на стотици најсиромашни жители на Гватемала, главниот град на истоимената држава, јавува Anadolu Agency (AA).
На периферијата на градот, во кањонот на Ла Мина длабок околу 300 метри, се испреплетуваат реката, отпадните води од канализација и неколку тони отпад.
Оние најхрабрите слегуваат долу во кањонот во потрага по железо, монети, пластика, остатоци од накит, картон, хартија и по други предмети што ќе можат да ги продадат.
За дел од жителите, животот во кањонот стана толку вообичаен што тие веќе не се грижат за облекувањето, хигиената и за опасните инфекции, а не им пречи ниту лошиот мирис што се шири од кањонот.