Dildar Baykan
06 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
ГУВАХАТИ (АА) - Во североисточниот дел на Индија се урна воен хеликоптер. Во несреќата животот го загубија 7 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата објави дека хеликоптер на индиските воздухопловни сили се урнал во планинското подрачје на административната област Таванг, сместена во индиската сојузна држава Аруначал Прадеш.
Во соопштението се наведува дека во несреќата животот го загубиле 7 лица кои се наоѓале во хеликоптерот. Се истакнува дека во тек е истрага за откривање на причините на несреќата.
Во последно време, во Индија многу често се случуваат хеликоптерски несреќи. Власта вели дека причина за несреќите се човечки и технички фактор.