Yusuf Hatip
06 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 20 лица загинаа во самоубиствен напад кај турбето Фатихпур во покраината Балуџистан, југозападен Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори наведуваат дека самоубиствениот напад на подрачјето Џал-Магси е извршен вчера, во време кога бил насобран народ.
Официјалните лица потврдија дека бројот на загинатите порасна на 20. Меѓу нив има пет деца и еден полицаец. Исто така, се истакнува дека се хоспитализирани 28 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
Премиерот на Пакистан, Шахид Хакан Абаси, го осуди нападот и истакна дека терористите не можат да имаат вера. Тој порача дека државата остро ќе одговори.
Во февруари беше извршен самоубиствен напад на турбето на подрачјето на Синд, кога загинаа 90, а беа ранети 400 лица. Одговорноста за тој напад презеде ДЕАШ.