Cüneyt Karadağ
06 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
БЕРЛИН (АА) - Во северните делови на Германија, во налетот на ураганот Хавиер загинаа седум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Силината на ураганот особено беше почувствувана во покраините Берлин и Бранденбург, каде што го парализираше воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
Во Берлин не работеше јавниот превоз, а беа откажани и железничките правци од главниот град кон северниот, јужниот и кон источниот дел на државата.
Метеоролошкиот институт објави дека ураганот Хавиер повремено се движел со брзина од 180 километри на час.
Полицијата соопшти дека во налетот на ураганот Хавиер во покраината Бранденбург загинале 4 лица, и по еден во Хамбург, Берлин и во Мекленбург-Западна Померанија.