Nazmi Abduramani
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
СКОПЈЕ - Мисијата на ОБСЕ во Македонија се обрати денес преку соопштение за медиумите во врска со одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов зa прекинување на сите постапки против политичари, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Соумалаинен, се обрати со соппштение по повод 41-тa одлукa на претседателот Ѓорге Иванов објавени вчера во Службен весник за помилување на 56 лица.
Во соопштението се наведува дека „иако претседателот наведе дека неговата цел е да придонесе за решавање на актуелната криза, граѓаните, сепак, имаат право да видат спроведување на политичка и правна одговорност. На Судството и на Специјалното јавно обвинителство мора да им се дозволи да продолжат да ја вршат својата многу важна работа во согласност со принципите за независност и непристрасност.
Истрагата на случаите, се вели понатаму во соопштението, кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и следните судски случаи треба да помогнат во враќање на довербата на граѓаните за владеењето на правото во еден непристрасен правен систем кој функционира добро.
Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Соумалаинен, во соопштението додава дека „ги охрабруваме сите страни да дејствуваат конструктивно и да обезбедат демократско владеење како и владеење на правото. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од насилство при извршувањето на своето уставно право на јавен протест.“
На крајот на соопштението се вели дека она што е во најдобар интерес за земјата и нејзините граѓани треба да биде во центарот и во фокусот на сите залагања.