Esra Kaymak
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) -Џон Кирби, потпаролот на Стејт Департментот, изјави дека се додека Башар ал Асад е на власт, парламентарните избори во Сирија нема да бидат "веродостојни ниту фер".
Зборувајќи на прес конференцијата, тој истакна дека изворите кои ги спроведе сириската власт на делот од територијата на таа земја не можат да се наречат веродостојни, бидејќи луѓето во Сирија се под постојани напади изведени од нивната власт.
"Искрено кажано, ни милион Сиријци не се во својата земја. Нема да учествуваат на нивните избори бидејќи ја напуштија земјата, ги напуштија своите домови, своите заедници", изјави Кирби.
Кирби предложи да се продолжи напред со мировните преговори во Женева на кои се настојува да се пронајде политичкото решение за војната на разорената земја.
"Сакаме да видимe дека режимот и опозоцијата и понатаму имаат дијалог за соодветниот процес на транзиција кој ќе не донесе до нов устав", изјави потпаролот на Стејт Департмент.
Откако тоа ќе се постигне со разговорите во Женева под покровителство на Обединетите нации, можат да бидат одржани фер и слободни избори во Сирија, во кои ќе биде вклучена сириската дијаспора како гласачко тело, додаде тој.
Разговорите за решавање на сириската криза во Женева настојуваат да ги согласат сириската влада и опозицијата да ја пронајдат мапата на патот за политичка транзиција во таа земја.
Коментарите на Кибри доаѓаат еден ден откако се одржани парламентарните избори во подрачјата на Сирија под контрола на сириската влада.