Amina Zorniç
26 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Месецот мај оваа година беше најтоплиот месец досега во историјата на мерење на температурата со што е соборен рекордот во високите температури кои се забележани во изминатите седум месеци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Податоците на „Goddard” Институтот за вселенски истражувања при Американската агенција за истражување на вселената (НАСА) покажуваат дека температурата на глобално ниво за месец мај 2016 година изнесувала 0,93 степени Целзиусови.
Климатологот и директор на Институтот, Гавин Шмит, тврди дека постои стопроцентна веројатност дека 2016 година ќе биде најтоплата година во историјата на мерење на температурата на воздухот.
Американската агенција во текот на изминатите месеци предупреди рекордно високи температури со потсетување дека овој тренд ќе продолжи.
За ваквите промени научниците го „обвинуваат” Ел Нињо, глобалниот атмосферско-океански феномен во тропскиот дел на Тихиот океан. Најголемиот Ел Нињо започнат е во 20-от век, 1997 година. Поради овој феномен, источните ветрови на Пацификот слабеат па брановите топла вода се шират кон Јужна Америка каде доаѓа до зголемена површинска температура на водата. Феноменот предизвикува неверојатно топли зими и големи суши во бројни земји во светот.
Ознаките на Ел Нињо веќе се препознаени од бројни научници кои истакнаа дека овој феномен би можел да покрене регионална хуманитарна катастрофа и 4,1 милион луѓе да остави без питка вода и храна. Обединетите нации (ОН) веќе предупредија на недостиг на храна и вода на северот на Африка поради овој феномен.