Barry Eitel
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Масивната дупка во озонската обвивка над Антартикот покажува знаци на заздравување по три децении на заедничка акција на светските влади, соопштија научниците во четвртокот, јавува Anadolu Agency (AA).
Озонската обвивка е клучен дел од атмосферата која ги блокира штетните ултравиолетови зраци на Сонцето да допрат до земјината површина. Научниците сметаат дека без озонската обвивка, би се зголемила стапката на рак на кожа кај луѓето и животните.
„Сега можеме да бидеме сигурни дека преземените мерки ја ставија Земјата на патот кон заздравување. Тоа е многу добро за нас, нели? Создадовме ситуација и колективо, како заеднички свет, рековме ајде да се решиме од тие молекули. Се ослободивме од нив и сега го гледаме одговорот на планетата", рече Сузан Соломон, лидрот на истражувачкиот тим од Институтот за технологии Масачусетс.
Соломон голема улога имаше и пред 30 години кога беше откриена озонската дупка. Огромната дупка во озонската обвивка над Антартикот е откриена 1985 година. Научниците нејзината појава ја припишаа на Хлорофојаглеродот (CFC), хемикалија која се користи во фрижидери и спрејови.
Озонската дупка стана голем симбол на способноста на човештвото да влијае на животната средина. Затоа во 1987 година, 196 нации потпишаа ветување дека ќе го ограничат производството на CFC со договор, познат како Монтреалски протокол.
Денеска научниците тврдат дека озонската дупка е значително намалена, за 4 милиони квадратни километри во однос на нејзиното најголемо ниво во 2000 година. Ова се први знаци на заздравување на антарктичката озонска обвивка, благодарение на Монтреалскиот протокол, што е и мислење на научниците.