Amina Zorniç
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американската агенција за истражување на Вселената (НАСА) вчера објави дека април во тековната 2016 година е најтоплиот месец во историјата на мерење на температурата, јавува Anadolu Agency (AA).
НАСА, претходно во март оваа година, објави дека токму тој месец е најтоплиот месец во последните 136 години. Американската агенција тогаш предупреди дека октомври, ноември и декември 2015 година, и јануари и февруари 2016 година, ги срушиле рекордите во глобалните температури при што тој тренд ќе продолжи.
Според тврдењата на НАСА во најновиот извештај, температурата на глобално ниво во месец април 2016 година изнесувала 1,11 степени Целзиусови, со што април стана шестиот месец по ред кој ги надмина претходно измерените температури.
„Ова е навистина голема информација. Моментално сме во позиција во која не знаеме како ќе се одвиваат работите. Знаевме дека Ел Нињо има влијаније, но мислам дека никој не очекуваше ваков скок”, изјави метеоролот Ерик Холтхаус.
Додаде дека, според мислењето на експертите ширум светот, температурата во последната година на глобално ниво се зголеми за 25 отсто во однос на мерењата од 1880 година.
Гавин Шмит, директорот на институтот на НАСА за вселенски истражувања "Goddard", заклучи дека научниците веќе со сигурност можат да предвидат дека 2016 ќе биде најтопла година досега.