Gülşen Çağatay
15 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Авиокомпанијата "United Airlines" одлучи да започне со употреба на авијациското биогориво за регуларните летови кои полетуваат од Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, објави вчера компанијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата е првата американска компанија која започна со употреба на одржливо авијациско биогориво за летовите на 11-ти март.
Според соопштението, компанијата донела одлука за купување на 15 милиони галони одржливо биогориво од компанијата "AltAir Paramount" во тек на тригодишен временски период.
„Компанијата започна со користење на биогориво за своите летови од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, чувањето и доставувањето се прави на ист начин како и со традиционалното гориво”, се наведува во соопштението.
Анџела Фостер Рајс, генерален директор за животна средина и одржливост, во соопштението наведува дека одлуката се смета за историска и додаде дека компанијата презема ваков чекор со цел минимиризање на влијанието врз животната средина, истражувајќи нови начини за подобрување на ефикасноста.