Amina Zorniç
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
МАНИЛА (АА) - Силен тајфун со ветер со брзина од 255 километри на час се приближува кон источниот брег на Филипините, јавува Anadolu Agency (AA).
Тајфунот Нок-Тен, локално наречен „Нина“, го погоди Катандуанес околу 18:30 часот по локално време, најисточниот брег на архипелагот, но сè уште нема информации за евентуални жртви.
Во меѓувреме, над 100.000 жители се евакуирани од регионот Бикол, поради ризик од поплави и свлечишта.
Подрачјето на коешто живеат речиси 42 милиони лица е во опасност, вклучувајќи ја и филипинската престолнина Манила.
Во многу региони прекинат е воздушниот и патниот сообраќај, а на рибарите им е забрането пловење бидејќи брановите моментално се со височина од околу 2,5 метри.
Филипини секоја година се погодени од околу 20, воглавно големи и опасни тајфуни од Пацификот.