Sinan Doğan
04 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Мексико, Андрес Лопез Обрадор, изјави дека во случај Соединетите Американски Држави (САД) да ја затворат границата со Мексико, од тоа никој нема да има корист, пренесува Anadolu Agency (AA).
Обрадор ја прокоментира изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела повторно се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико или одредени делови од границата.
„Ваква одлука никому нема да му биде од корист“, порача Обрадор.
Тој нагласи дека во однос на тоа прашање тој е оптимист, и додаде: „Нам не ни доликува затворање на границата, и тоа никому не му го препорачувам.“
Трамп минатата недела преку Твитер порача дека ќе ја затвори границата доколку Мексико „веднаш не ја запре илегалната миграција во САД“.
Американскиот претседател и претходно често истакнуваше дека ќе ја затвори границата со Мексико.
Мигрантите кои илегално ја преминуваат американската граница предизвикаа сериозна тензичност помеѓу САД и Мексико, а затворањето на границата со Мексико беше едно од главните ветувања на Трамп во предизборната кампања.