Saadet Firdevs Aparı
15 Мај 2023•Ажурирај: 16 Мај 2023
МЕКСИКО СИТИ (АА) - 26 лица загинаа во сообраќајна несреќа меѓу камион и патничко комбе во северниот дел на Мексико, известува Анадолу.
Властите објавија дека избувнал пожар по сообраќајната несреќа што се случи во мексиканската држава Тамаулипас.
Според првичните сознанија, во несреќата загинале 26 лица.
Официјалните лица кои информираа дека на местото на несреќата е пронајдена само приколката на камионот, претпоставуваат дека возачот можеби избегал со делот на камионот што служи за влечење.
Полицијата ја истражува причината за несреќата.