Emel Öz Gözellik
24 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
МУЛТАН (АА) - Во Пакистан се случи сообраќајна несреќа по судир меѓу два автобуса кои доаѓале од спротивниот правец и еден камионет. Во несреќата животот го загубија 10 лица, а 17 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во локалните медиуми, врз основа на изјавата на преставник на полицијата, во близина на градот Џамшоро дошло до сообраќајна несреќа меѓу два автобуса кои доаѓале од спротивниот правец и еден камионет.
Во несреќата животот го загубиле 10 лица, а 17 се повредени.
Полицискиот службеник изјавил дека во тешка здравствена состојба се наоѓаат дел од повредените и постои стравување од зголемување на бројот на загинати.
Полицискиот службеник навел дека по несреќата, возачите на автобусите го напуштиле местото на несреќата. Во тек е истрага за откривање на причините на сообраќајната несреќа.
Според податоците на Пакистанскиот завод за статистика, од 2011 година досега, во оваа земја во просек 4.500 лица годишно ги губат своите животи во сообраќајни несреќи.