Ekip?
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Најмалку 37 лица загинаа во пожарот кој вчера избувна во еден трговски центар во градот Давао, во јужниот дел на Филипини, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот избувна вчера наутро по локално време, а пожарникарите успеаја да го изгаснат дури во неделата наутро по локално време.
Пожарот избувна на третиот кат од четирикатница на трговскиот центар NCCC. Во тек е истрага за откривање на причината за настанување на пожарот.
Заменик градоначалникот на Давао, Паоло Дутерте за локалните медиуми изјави дека најмалку 37 жртви биле заглавени во ресторанот и во центарот за повици, кои во потполност изгореле.
Поголемиот дел од жртвите се вработени во трговскиот центар или во компании кои вршеле дотур на производи во трговскиот центар.