Atila Altuntaş
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Во Стокхолм, главниот град на Шведска избувна пожар во една вила. Во несреќата животот го загубија 2 деца, додека 10 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението кое го издаде полицијата на Стокхолм се наведува дека синоќа, на полноќ до полицијата пристигнал повик дека избувнал пожар во место Брома, во подрачјето на Стокхолм.
Во пожарот две деца биле затруени со јаглерод моноксид. Децата биле префрлени во болница, но и покрај сите обиди на лекарите, децата на возраст од 4 и 7 години ги загубиле своите животи.
Во соопштението се наведува дека во болница се префрлени 10-те лица кои се повредени во пожарот. Во тек е истрага за откривање на причините за пожарот.