Adam Abu Bashal
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
АБУЏА (АА) - Во сообраќајна несреќа, во западноафриканската држава Нигерија, животот го загубија 16 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за односи со јавноста од регионалниот Оддел за безбедност на патиштата, Малам Раџи Еџигого, на новинарите им соопшти дека се случила сообраќајна незгода меѓу патнички автобус и цистерна на патот за Мина во државата Ојо.
Еџигого истакна дека по судирот избувнал пожар во кој животот го загубиле 15 патници кои се наоѓале во автобусот и шоферот на цистерната.
Еџигого рече дека во тек е истрага за пронаоѓање на причините за несреќата.
Пред три недели во државата Ојо дојде до сообраќајна несреќа на патот Бида-Мина во која животот го загубија 13 лица.