Nilay Kar
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, денес изрази поддршка за признавањето на Палестина како држава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за германскиот дневен весник „Sueddeutsche Zeitung“ (Зидојче Цајтунг), Аселборн рече: „Ние Европјаните треба да покажеме дека Палестинците имаат право на своја држава“.
Тој исто така ја критикуваше Европската Унија поради тоа што нема заеднички став за Палестина.
„Доколку Франција ја признае Палестина, многу повеќе земји ќе го следат тоа, вклучувајќи го Луксембург“, додаде тој.
Во декември, американскиот претседател Доналд Трамп, официјално го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел и нареди преместување на амбасадата во светиот град.
Пресвртот во политиката на САД предизвика бунт во арапските и муслиманските земји и бран протести на палестинските територии, во кои загинаа најмалку 16 лица.
Вчера, администрацијата на САД најави дека ќе суспендира 65 милиони евра помош за Палестиниците.
Кудс (Ерусалим) останува во сржта на израелско-палестинскиот конфликт, а Палестинците се надеваат дека Источен Кудс, кој моментално е под окупација на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска држава.