БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за голем број смртни случаи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.723 лица во Бразил, 253 во Мексико, 607 во Аргентина, 550 во Колумбија, 163 во Перу, 37 во Чиле, 72 во Еквадор, 70 во Боливија, 133 во Парагвај, 27 во Хондурас и 67 во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.723 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 479.515.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 85.748, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 17.122.877.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 15.596.816 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 253 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.855 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 229.353 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.441.866. Досега во оваа земја оздравеа 1.946.477 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 607 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 83.272. Во истиот период детектирани се 29.757 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.038.528.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.608.895 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 550 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 93.473.
Во последното деноноќие детектирани се 24.233 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.635.835. Во оваа земја досега оздравеа 3.385.586 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 163 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.676 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.991.203, од кои починаа 187.479 лица, а оздравеа над 1.947.432 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото земја во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 37 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 30.141.
Во истиот период регистрирани се нови 5.369 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.445.770, а оздравеа вкупно 1.369.856 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 72 смртни случаи, вкупно 20.903 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 885 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 433.870.
Досега во Еквадор оздравеа 398.645 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 70 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 3.839.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 396.814, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.247. Досега оздравеа 313.445 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 133 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 3.100 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 382.231, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.278.
Досега оздравеа 314.155 лица позитивни на коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 27 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 671 лице.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 243.467, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 6.559 лица, а оздравеа 86.549 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 67 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 4.816.
Во истиот период детектирани се 3.449 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 326.405 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 286.472 лица заразени со Ковид-19.