свет, Коронавирус

Продолжува високата смртност поради Ковид-19 во Латинска Америка: 1.605 во Бразил, 504 во Колумбија

- Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за високата смртност во земјите на Латинска Америка,

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 14.07.2021 - Обновена : 15.07.2021
Продолжува високата смртност поради Ковид-19 во Латинска Америка: 1.605 во Бразил, 504 во Колумбија

БОГОТА

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за високата смртност во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 1.605 лица во Бразил, 219 во Мексико, 387 во Аргентина, 504 во Колумбија, 54 во Перу, 36 во Чиле, 37 во Боливија, 52 во Парагвај, 35 во Гватемала и 36 во Хондурас.

Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 1.605 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 535.838.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 45.022, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 19.151.993.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 17.770.617 лица претходно позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 219 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 11.137 новозаразени.

Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 235.277 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.604.711. Досега во оваа земја оздравеа 2.056.317 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 16. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 387 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 99.640. Во истиот период детектирани се 20.023 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.682.960.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.314.593 лица заразени со коронавирусот.

Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 504 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 113.839.

Во последното деноноќие детектирани се 17.532 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.548.142. Во оваа земја досега оздравеа 4.299.931 лице заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 54 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.085 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.083.567, од кои животот го загубија 194.606 лица, а оздравеа над 2.047.805 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 19. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 36 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 34.016.

Во истиот период регистрирани се нови 1.264 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.590.887, а оздравеа вкупно 1.540.595 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 37 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.379.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 456.815, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 17.287. Досега оздравеа 383.411 лица позитивни на коронавирусот.


- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 52 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.133 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 439.897, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.016.

Досега оздравеа 396.450 лица позитивни на коронавирусот.


- Гватемала

Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 35 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 9.756 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 2.963 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 322.120.

Досега во оваа земја оздравеа 282.911 лица кои биле заразени со коронавирусот.


- Хондурас

Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 36 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 698 лица.

Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 275.675, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 7.324 лица, а оздравеа 94.731 лице кај кои претходно е детектиран коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.