Dmitri Chirciu
14 Јули 2021•Ажурирај: 15 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 786 смртни случаи, што претставува највисока бројка на починати на дневна основа од почетокот на епидемијата на коронавирусот (Ковид-19). Вкупниот број на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во Русија надмина 145.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го објави Рускиот центар за контрола и превенција на коронавирусот, бројот на случаи на Ковид-19 во земјата се зголемил за 23.827 во последните 24 часа, стигнувајќи до 5.857.002, а бројот на лица кои оздравеле се зголемил за 21.269 и изнесува 5.257.483.
Во последните 24 часа во Русија од Ковид-19 починаа 786 лица, најголема бројка на смртни случаи на дневна основа од почетокот на епидемијата, со што вкупниот број на починати се искачи на 145.278.
Во Русија, каде што беше забележан најголемиот дневен број на случаи на Ковид-19 со откривање на вирусот кај 29.935 лица на 24 декември 2020 година, вчера 24.702 лица беа заразени со вирусот, а 780 животи беа изгубени.
Најголемиот дневен број на новозаразени со Ковид-19 во Русија е детектиран на 24 декември 2020 година, кога коронавирусот е регистиран кај 29.935 лица. Вчера беа детектирани 24.702 лица позитивни на вирусот, а животот го загубија 780 заразени.
- Мерките против Ковид-19 се зајакнати -
Поради зголемувањето на случаите на Ковид-19 на почетокот на јуни, мерките против коронавирусот се применуваат во голем број подрачја на Русија.
Во Москва, каде што мерките се засилени, на сите ресторани, кафулиња, барови, ноќни клубови и други забавни места им е забрането да ги служат клиентите од 23:00 часот навечер до 6:00 часот наутро. Русите можат да нарачуваат храна за носење во текот на тој период.
На 22 јуни во Москва е донесена одлука, само оние кои се вакцинирани, кои прележале Ковид-19 во последните шест месеци и оние со негативен Ковид-19 тест во последните 72 часа, преку баркод-систем (QR-код) да можат да влегуваат во рестораните и кафулињата.
- Вакцинацијата во Русија -
Во Русија, каде што првиот случај на зараза со Ковид-19 беше откриен на 31 јануари 2020 година, а првиот смртен случај од вирусот беше регистриран на 19 март 2020 година, процесот на масовна вакцинација започна на 18 јануари оваа година, по инструкции на претседателот Владимир Путин.
Во густо населените градови како што се Москва и Санкт Петербург, 60 % од оние кои работат во јавниот и услужниот сектор се принудени да се вакцинираат против Ковид-19.
Во Москва, каде што започна процесот на повторното вакцинирање против Ковид-19 на 1 јули, јавноста може да се вакцинира со руската вакцина на „Спутник ве“, која се дава во две дози и со „Спутник лајт“, со која се вакцинира само еднаш.