Ali Cura
14 Јули 2021•Ажурирај: 15 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, со пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Махмуд Курејши, разговараше за состојбата во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава дадена од руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Лавров и Курејши се состанале во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Шангајската организација за соработка што се одржа во Душанбе, главниот град на Таџикистан.
Се наведува дека за време на состанокот се разговарало за состојбата во Авганистан, а исто така разгледани се и други регионални и меѓународни прашања.
„Двете страни ја истакнаа потребата од понатамошно развивање на повеќестрана билатерална соработка, вклучително и за прашањата за антитероризмот, трговијата и економијата“, се вели во соопштението на руското МНР.