Oktaj Omeragikj
14 Јули 2021•Ажурирај: 15 Јули 2021
СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 4.066.041 лице во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 188.626.832 лица, а оздравеа 172.447.137 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 34.807.813 случаи на заразување со Ковид-19.
Земји во светот во кои бројката на заразени со Ковид-19 изнесува над 1 милион се: Индија со 30.946.074 заразени, Бразил со 19.152.065, Русија со 5.833.175, Франција со 5.820.849, Турција со 5.493.244, Велика Британија со 5.191.459, Аргентина со 4.682.960, Колумбија со 4.548.142, Италија со 4.273.693, Шпанија со 4.015.084, Германија со 3.745.287, Иран со 3.417.029, Полска со 2.880.959, Индонезија со 2.615.529, Мексико со 2.604.711, Украина со 2.242.245, Јужноафриканска Република со 2.219.316, Перу со 2.083.567, Холандија со 1.744.700, Чешка со 1.670.073, Чиле со 1.590.887, Филипини со 1.485.457, Ирак со 1.447.557, Канада со 1.421.447, Белгија со 1.098.332, Шведска со 1.093.209, Романија со 1.081.326 и Бангладеш со 1.047.155.
Во исто време, САД се и земја со најголем број на смртни случаи предизвикани од заразувањето со новиот тип на коронавирус во светот. Ковид-19 е причина за смртта на 623.435 лица во Соединетите Американски Држави.
Земји во светот во кои од последици на заразувањето со Ковид-19 животот го загубиле над 50.000 луѓе се Бразил со 535.924 починати, Индија со 411.439, Мексико со 235.277, Перу со 194.606, Русија со 144.492, Велика Британија со 128.481, Италија со 127.808, Колумбија со 113.839, Франција со 111.407, Аргентина со 99.640, Германија со 91.799, Иран со 86.207, Шпанија со 81.033, Полска со 75.173, Индонезија со 68.219, Јужноафриканска Република со 65.142, Украина со 52.665 и Турција со 50.324.
Досега од заразувањето со Ковид-19 оздравеа 172.447.137 лица позитивни на вирусот.
Во моментов во светот има 12.113.654 активни случаи на заразување со Ковид-19, од кои 78.934 заразени се наоѓаат во критична здравствена состојба.