Zafer Fatih Beyaz
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
АНКАРА (АА) - Европскиот суд за човекови права отфрли 32 тужби против Турција поради забрана за излегување на улиците од 2015 и 2016 година во Џизре, Сур и Силопи, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот едногласно ги отфрли тужбите, сметајќи ги за неосновани.
До Европскиот суд поднесени се вкупно 34 тужби против Турција, а кои се однесуваат на забраната за излегување на улиците, и антитерористичките акции на подрачјата на Источна и Југоисточна Анадолија во периодот 2015 - 2016 година. Во тужбите беше наведено дека се прекршени одредени права, меѓу кои се правото на слободата и безбедноста.
Претходно се разгледани две тужби, а по рочиштето одржано на 13 ноември 2019 година во Стразбур, одлука е донесена на 29 април 2019 година во која се вели дека тужбите се неосновани.
Во одлуката е речено дека подносителите на тужбите требало своите права прво да ги бараат пред турските судови, а потоа пред Европскиот суд за човекови права.