Ekipa
04 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
ИДЛИБ (АА) - Силите на Асадовиот режим во Сирија извршија напад врз пазар во зоната без судири во Идлиб, при што според првичните сознанија, загинаа 10 цивили, додека 25 цивили се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на режимот заедно со странски терористички групи поддржани од страна на Иран, извршија напад во подрачјата Кефренбил, Маратинуман, Серакиб и селото Хан ес Субул, кои се наоѓаат во Идлиб, како и во подрачјето на Кефер Зита, во Хама.
Во нападот извршен во Маратинуман загина еден цивил.
Според информациите добиени од локални и здравствени извори, според првичните сознанија, животот го загубиле 10 цивили, додека 25 цивили се повредени во нападот врз пазар во подрачјето на Кефренбил.
Тимовите на Цивилната одбрана продолжуваат со операциите за пребарување и спасување. Постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите и повредените.
Во нападите извршени во март од страна на Асадовиот режим, од терористичките групи поддржани од Иран, и од руските сили, загинаа вкупно 135 цивили.
Силите на режимот во границите на зоната без судири во Идлиб убија вкупно 59 цивили, од кои 34 во Идлиб, 16 во западниот дел на Алепо и 9 цивили во руралното подрачје на Хама, додека во воздушните напади на Русија, која обезбедува помош за режимот, загинаа 76 цивили.
И покрај Договорот од Сочи потпишан на 17 септември 2018 година меѓу Турција и Русија, со цел зајакнување на примирјето во Идлиб, силите на режимот во одредени интервали продолжуваат со напади.
Во рамки на договорите од Астана, Русија, која е земја гарант на Асадовиот режим, задолжена е да ги спречи нападите на режимот.