Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Април 2019•Ажурирај: 07 Април 2019
ЧАНДИГАР (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) одобрија продажба на воени хеликоптери на Индија, а станува збор за 24 хеликоптери од типот МХ-60Р кои ќе чинат 2,6 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индиската новинска агенција „Прес траст оф Индија“ („Press Trust of India“) објави дека САД ја одобриле продажбата на 24 воени хеликоптери на Индија од моделот МХ-60Р.
Хеликоптерот MХ-60Р е повеќенаменски морнарички хеликоптер со два турбоосовински мотори, проектиран за потребите на воената морнарица на САД, врз база на хеликоптерот УХ-60 Блек хавк и другите хеликоптери од фамилијата С-70 Сикорски. Американската воена морнарица ја користи платформата Х-60 за моделите со ознаките СХ-60В, СХ-60Ф, ХХ-60Х, MХ-60Р и MХ-60С.
Наведено е дека 24 хеликоптери од спомената марка Индија ќе ја чинат 2,6 милијарди долари.
Индиските официјални лица сѐ уште не се огласија за купувањето на хеликоптерите, но експертите по безбедност наведуваат дека купувањето на американските хеликоптери ќе го зголемат капацитетот на индиската флота. Предупредено е дека ова купување ќе поттикне трка за вооружување во регионот, што секако ќе предизвика загриженост кај Кина и Пакистан.