Ata Ufuk Şeker
04 Април 2019•Ажурирај: 07 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) - Виолета Булц, комесарката за транспорт на Европската комисија, истакна дека минатата година 25.100 лица го загубиле животот во сообраќајните несреќи кои се случија во 28 земји членки на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Булц одржа прес-конференција во Европската комисија каде што говореше во врска со сообраќајните несреќи кои се случиле во 2018 година.
Истакнувајќи дека ЕУ во последните години постигнала напредок во сообраќајната безбедност, но дека постоечката состојба сѐ уште не е на доволно ниво, Булц нагласи дека треба да се направат конкретни и брзи чекори во насока на намалување на несреќите.
Таа рече дека е забележан пад од 1 отсто во смртоносните сообраќајни несреќи во земјите членки на Унијата.
„25.100 лица загинаа во сообраќајните несреќи во 2018 година во земјите членки на ЕУ“, додаде таа.
Булц го оцени како позитивно намалувањето на смртоносните несреќи.
Според неа, Велика Британија, Данска и Ирска се првите три земји членки на ЕУ кои во 2018 година имале најбезбедни патишта.