Emel Öz Gözellik
04 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
АНКАРА
Североисточниот дел на Индија го потресе земјотрес со интензитет од 5,3 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа 26 километри југозападно од местото Фек, на длабочина од 63,1 километар.
Националните медиуми објавија дека земјотресот се почувствувал на целата територија на сојузната држава Манипур.
Засега нема информации за човечки жртви и материјална штета предизвикани од земјотресот.