Özcan Yıldırım
21 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
АНКАРА
Фахретин Алтун, шефот на Дирекцијата за комуникации при Канцеларијата на претседателот на Турција, остро го критикуваше и го нарече срам за човештвото нехуманиот однос на грчките сили кон несреќните мигранти на чамец во морето, известува Агенција Анадолија (АА).
Алтун на социјалната мрежа Твитер објави снимка на која се гледа како Грчката крајбрежна стража потопува чамец со мигранти во морето и го турка кон територијалните води на Турција.
„Ова е жалосна слика на грчката мигрантска политика... Ниту паметта, ниту совеста не можат да го сфатат тоа... За жал, западниот свет и Европската Унија молчат пред ваквото однесување на Грција. Ова е срам за човештвото“, истакна Алтун.
Турската крајбрежна стража изминатите месеци сними низа слични инциденти во кои Грчката крајбрежна стража нехумано постапува кон мигрантите во морето и ги турка кон Турција, додека Турската крајбрежна стража им помага и ги спасува мигрантите.