Recep Şakar
04 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
МЕЛБУРН (АА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, чекајќи во ред во еден маркет, ја платила сметката на една мајка со две дечиња која го заборавила својот паричник, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во новозеландскиот весник „Stuff“, премиерката Ардерн, изминатите денови, чекајќи ред пред касата по пазарувањето во трговскиот центар „Countdown“ во Оукленд, ја платила сметката на мајката со две деца во редот пред неа, која го заборавила паричникот.
Премиерката Ардерн ја потврди информацијата, а за време на прес-конференцијата одржана во градот Хамилтон, на прашањето „Дали е вистина дека сте ја платиле сметката за производите што ги зела мајката?“, насмевнувајќи се, одговори „Да“.
На прашањето „Зошто плативте?“, таа одговори „Бидејќи е мајка“.
За овој гест на Ардерн се дозна откако мајката, чиј идентитет не се открива, ја споделила информацијата преку својот профил на социјалните мрежи.
Мајката на својот профил на Фејсбук напишала објава дека сметката за производите што ги зела за своите деца ја платила премиерката Ардерн, а потоа ја избришала.
Ардерн (38), како претставник на новозеландската Влада, во јуни 2018 година присуствуваше на состанокот на Обединетите нации во Њујорк заедно со своето бебе, ќерката Нив.
Ардерн доби позитивни реакции од целиот свет со измените во законодавството и ставот што го покажа кон семејствата на 50-темина загинати и исто толку ранети во терористичкиот напад извршен на 15 март врз џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во новозеландскиот град Крајстчрч.