Recep Şakar
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
МЕЛБУРН (АА) - Премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки поднесе оставка. Ки во своето обраќање во австралискиот Парламент изјави дека поднесува оставка од функцијата на која се наоѓа од 2008 година досега, јавува Anadolu Agency (AA).
„Дадов сѐ што можев да дадам“, рече Ки, и додаде дека не ќе може уште еден мандат да биде премиер.
Ки истакна дека одлуката што ја донел е една од најтешките одлуки во неговиот живот: „Чувствувам дека е вистинско време да заминам“, рече тој.
- „Џон Ки посветено му служеше на Нов Зеланд“ -
Претседателот на Лабуристичката партија, главната опозициска партија во земјата, Ендрју Литл, на својот профил од една од социјалните мрежи напишал: „Џон Ки, посветено и великодушно му служеше на Нов Зеланд. Во иднина, нему и на неговото семејство им го посакувам најдоброто“.
Џон Ки е претседател на Народната партија во Нов Зеланд. Во ноември 2008 година победи на изборите и стана 38. премиер на државата. Роден е во градот Оукленд, во 1961 година, оженет и татко на 2 деца.
Изборот за пополнување на испразнетото место претседател на Народната партија и премиер на државата, на 12 декември ќе биде извршен во рамките на партијата. Како кандидат за ова место во преден план се јавува вицепремеирот на Нов Зеланд, Бил Инглиш.
Новите парламентарни избори во Нов Зеланд би требало да се одржат пред месец ноември 2017 година.