Haydar Karaalp
29 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди изјави дека ќе поднесе оставка до Парламентот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдулмеди во писмено соопштение истакна дека ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Владата во согласност со повикот на шиитскиот верски орган „Али ес-Систани“. Шиитскиот верски орган упати повик до Адил Абдулмехди да даде оставка за во земјата „да не се случи хаос“.
Одлуката на Абдулмехди дојде по повикот на „Али ес-Систани“ за одржување на „транспарентни и слободни избори“, упатен до Парламентот.
Шиитскиот верски орган „Али ес-Систани“ во денешната политичка порака, прочитана по петочната молитва, рече: „Владата не ја исполни својата одговорност во однос на протестите што се одржуваат последните два месеца. Од Парламентот бараме брзо да дејствува за усвојување на нов изборен закон со кој ќе се одржат транспарентни и слободни избори.“
Пораката на „Али ес-Систани“ беше коментирана дека Владата треба да поднесе оставка и дека земјата треба да се подготви за нови парламентарни избори.