свет

Од Патот на надежта на мигрантите останаа само спасувачките елеци и чамците

Во северозападниот дел на островот Лезбос, Грција, се наоѓа депонија на која можат да се видат трагите на најголемиот миграциски бран по Втората светска војна

Ayhan Mehmet  | 29.11.2019 - Обновена : 03.12.2019
Од Патот на надежта на мигрантите останаа само спасувачките елеци и чамците Фото: Ayhan Mehmet/AA

ЛЕЗБОС (АА) - АЈХАН МЕХМЕТ -

Само спасувачки елеци и чамци останаа зад починатите нерегулирани мигранти, кои, бегајќи од војната во сопствените земји, тргнаа по Патот на надежта, со желба за подобар живот, во обид да стигнат до грчкиот остров Лезбос, пишува Агенција Анадолија (АА).

Во северозападниот дел на островот, недалеку од местото Митимна кое го посетуваат туристите, се наоѓа депонија на која можат да се видат трагите на најголемиот миграциски бран по Втората светска војна.

На депонијата „Ридот на мизеријата“, која во 2016 година дојде на дневен ред како „гробишта на спасувачки елеци“ се наоѓаат рибарски бротчиња, гумени чамци, спасувачки елеци и лични предмети на мигрантите кои ги загубија своите животи на Патот на надежта.

Ова подрачје, со она што остана зад патувањето за подобра иднина, по цена и на сопствениот живот, стана инспирација на познатиот кинески уметник Ај Вејвеј кој во своите дела ги соединува уметноста и политиката.

Ај Вејвеј во 2016 година постави инсталација од спасувачки елеци со кои ги обложи столбовите на Концертниот дом во Берлин, со цел да го привлече вниманието врз мигрантската криза на островот Лезбос.

Од друга страна, негова цел беше да се покажат евтините спасувачки елеци кои биле причина за смртта на мигрантите, по што тие беа користени на повеќе протести во Европа.

Во периодот од 2015 до 2016 година над 1 милион лица преку Егејското Море тргнаа на Патот на надежта кон Европа, главно од земјите како што се Сирија и Ирак во кои владееше војна, при што повеќето од половината од нив преминаа на Лезбос.

На ова кусо но опасно патување во Егејското Море, неуспевајќи да го завршат, во 2015 година животот го загубија 279, а во 2016 година, 192 мигранти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.