Bedrudin Brljavac
24 Април 2024•Ажурирај: 25 Април 2024
АТИНА (АА) - Небото над Атина, главниот град на Грција, вчера беше портокалово поради огромниот облак од прав што пристигна од Африка, известува Анадолу.
Грчкото здружение за пулмологија ги предупреди граѓаните дека честичките од пустинскиот прав во воздухот се опасни за лицата со респираторни проблеми.
На лицата со респираторни и срцеви проблеми им е советувано да не се занимаваат со активности на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат маски кога се на отворено.
Поради пустинскиот прав намалена е видливоста во центарот на градот и регионот, додека Службата за метеорологија на Грција објави дека во северна и западна Грција се очекува правлив дожд.