Firdevs Bulut
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
МЕЛБУРН (АА) - Бројот на починати од коронавирусот Ковид-19 во Австралија се искачи на 80, додека во Нов Зеланд достигна 18, покажуваат официјалните податоци на земјите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Австралија во изминатите 24 часа регистрираше 20 нови случаи, додека Нов Зеланд регистрира пет, а бројот на нови потврдени случаи во двете држави е во опаѓање.
Со уште три жртви во Австралија, бројот на починати достигна 80, додека Нов Зеланд регистрира уште еден смртен случај, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 18 во последните 24 часа.
Вкупно, 6.687 Австралијци се заразени со вирусот, а досега закрепнале 5.273 лица.
Во Нов Зеланд, 1.461 лице се дијагностицирани со заболувањето, со 118 излекувани случаи.
Забранет е влез во земјата на сите што не се државјани и наметнат е делумен полициски час од 27 март, а на 27 април се планира ублажување, со воведување на некои нови мерки.
Австралија ги ставa во карантин сите што влегуваат од странство и ги забрани сите посети во домовите, како и собирите на затворено или на отворено на повеќе од две лица, со исклучок во домаќинствата. На погреби може да присуствуваат до 10 лица, додека на свадби само до пет лица. На оние што не ги почитуваат мерките им се изрекуваат парични и затворски казни.
Бројот на заразени во светот со новиот вид коронавирус, Ковид-19, што се појави во кинескиот град Вухан, достигна 2.831.915.
Во светот, 197.318 луѓе починаа поради Ковид-19, додека 807.037 лица што беа заразени со вирусот се излекуваа.