Faruk Zorlu
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
МЕЛБУРН (АА) - Нов Зеланд ги отвори училиштата откако беа затворени како дел од мерките против ширењето на новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Радио „Нов Зеланд“, околу 800.000 ученици се враќаат во училиштата, кои беа затворени на 24 март.
Училиштата обезбедија превоз за учениците кои не можат да користат јавен автобуски превоз, кој сега прима само одреден број патници поради одржување на социјална дистанца.
Бројот на починати од Ковид-19 во земјата во моментот е 21.
Нов Зеланд имаше детектирано вкупно 1.499 случаи на коронавирус, a 1.433 лица закрепнаа од вирусот.
Нема откриени нови случаи меѓу тестираните 2.570 лица во последните 24 часа.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 315.200 луѓе во светот, над 4,71 милиони се заразени, додека излекувани се 1,73 милиони, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.