Yusuf Özcan
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ПАРИЗ (АА) - Во Париз организирани се протести поради смртта на едно лице, за што демонстрантите сметаат дека е одговорна полицијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На протестите против полициското насилство организирани во предградието Аржентеи, дојде до судири меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните сили.
Демонстрантите фрлаа пиротехнички средства и запалија канти за ѓубре и автобуска станица, на што полицијата одговори со солзавец.
Во Аржентеи, 18-годишен мотоциклист неодамна удри во електричен столб и се здоби со повреди опасни по живот. Почина откако е пренесен во болница. Сведоците изјавија за француските медиуми дека цивилно полициско возило му го пресекло патот на возачот и дека се судриле со него.
Сепак, од полицијата наведоа дека немало контакт со возачот.
Минатиот месец протести се одржаа и во Вилнев-ла-Гарен, Париз, по написот дека полицијата е одговорна за повредата на мотоциклистот.