Ekipa
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Се очекува францускиот премиер, член на Социјалистичката партија, Мануел Валс (54), да ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција што ќе се одржат во април следната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Владата, Стефан Ле Фол, во изјавата за канал „Франствинфо“ рече дека очекува Валс вечерва да ја објави својата кандидатура.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, одлучи да не се кандидира за реизбор.
Се претпоставува дека главните фаворити на претседателските избори ќе бидат кандидатите на десничарите и ултрадесничарите – Франсоа Филон и Марин Ле Пен.