живот

Птиците ткајачки градат гнезда како инженери

- Птиците „ткајачки“ (Ploceidae), кои живеат во руралните делови на Етиопија, своите гнезда на гранките од дрвјата ги градат со чувствителност на инженер, а целиот тој процес е забележан од камерата на АА

Yasin Dikme  | 29.05.2019 - Обновена : 30.05.2019
Птиците ткајачки градат гнезда како инженери ( Yasin Dikme - АА )

АДИС АБЕБА

Птиците „ткајачки“ (Ploceidae), кои живеат во руралните делови на Етиопија, своите гнезда на гранките од дрвјата ги градат со чувствителност на инженер, а целиот тој процес е забележан од камерата на АА, јавува Anadolu Agency (AA).

Птиците ткајачки кои живеат во Африка, Индија и Австралија, привлекуваат внимание со својата техника на изградба на гнездо.

Во Етиопија, која важи за еден од најтоплите региони на Африка, во нејзиниот североисточен дел се наоѓа регионот Афар, во кој нашата камера го забележа методот што птиците го користат при градбата на своите гнезда на тенките гранки од дрвјата.

Птиците, со цел полесно да ги најдат изворите на храна и вода, преферираат своите гнезда да ги градат недалеку од местата на кои живеат луѓето.

Свежите листови трева, што птиците ги собираат од околината, ги пренесуваат на најсилните гранки од дрвјата. Изградбата на гнездото, птиците ја започнуваат од влезот, за потоа, со особена внимателност да продолжат да ткаат, градејќи го остатокот од гнездото.

Гнездата потсетуваат на ламба обесена на гранка од дрво. Птиците овие гнезда ги ткаат, стеснувајќи ја нивната форма, движејќи се од основата кон врвот нагоре.

Изградбата на гнездото е вистински визуелен празник, при што ниту еден потег на птиците во целиот тој процес не е случаен.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.