Ekipa
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
АДИС АБЕБА (АА) - Владата на Етиопија ослободи речиси 10.000 приведени лица, откако во октомври во таа земја беше прогласена вонредна состојба, но соопшти дека планира да се отвори процес за 2.500 останати осомничени за дестабилизација на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик портпаролот на владата, Задик Абраха, изјави за агенцијата „Асошиејтед прес“ дека денес се ослободени 9.800 лица.
„Поминаа низ многу тренинзи за да не бидат дел од деструктивниот тренд кој го гледавме во минатото” , изјави Абраха.
Задик истакна дека од прогласувањето на вонредната состојба, која би требало да заврши во април наредната година, Етиопија доживеала огромна промена во мирот и безбедноста.
Оваа источноафриканска земја прогласи вонредна состојба во октомври, по речиси едногодишните противвладини протести во кои, според податоците на невладините организации, загинаа стотици лица.
Повеќето приведени се од нередите на погодените региони Оромија и Амхара.