Ekipa
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германските истражувачи ја продолжија утринава потрагата по напаѓачот на Божиќниот пазар во Берлин во кој смртно страдаа 12 лица, а 48 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Германските власти ја продолжија потрагата по напаѓачот откако машкото лице кое вчера беше уапсено брзо беше пуштено на слобода поради недостаток на докази, а терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност.
Полицијата во Берлин наведе дека добила 508 дојави за нападот, но за сега не се знае дали истражувачите утврдиле конретни чекори. Полицијата претхотно изрази сомнеж во постоењетона неколку напаѓачи и соучесници.
Нападот се случи во понеделник вечерта кога камионон влезе на Божиќен пазар во Берлин, кој е сместен во една од најпрометните улици каде се наоѓаат стотици дрвени колиби и штандови за посетители.
Откако камионот беше запрен во толпата луѓе, полицијата, утврди дека станува збор за возило со полкси регистерски таблички. На местото на совозачот пронајдено е безживотно тело на едно лице, исто така од Полска.