Ekipa
19 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - Долниот дом на францускиот парламент го одобри двомесечното продолжение на вонредната состојба, кога за прв пат стапи на сила по серијата терористички напади кои се случија на 13-ти ноември минатата година во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Мерката има за цел да го покрие периодот од 10-ти јуни до 10-ти јули, кога во Франција ќе се оддржи европското првенство во фудбал, и периодот од 2-ри до 24-ти јули, кога се одржува "Tour de France".
Со вонредната состојба се прошируваат и полициските овластувања, според кои луѓето може да се стават во домашен притвор и им овозможува на властите да го забранат движењето на луѓе и возила на одредено место и во одреден временски период.
Гласањето на парламентот се одржа денес. Бернар Казнев, министерот за внатрешни работи на Франција, ги оправда мерките објаснувајќи дека се донесени во „контекст на терористички ризик без преседан”.