Ekipa
20 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Француската влада сака уште два месеци да ја продолжи вонредната состојба, која беше воведена по терористичките напади во Париз на 13 ноември. Доколку предлогот на Владата помине во францускиот парламент, тоа би значело дека овие мерки ќе важат за време на ЕУРО 2016, кое ќе се одржи од 10-ти јуни до 10-ти јули оваа година во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот премиер, Мануел Валс, во образложението на предлогот на Владата за локалните медиуми изјави дека продолжувањето на вонредната состојба до крајот на јули би овозможило подобар одговор на потенцијалните терористички закани.
Вонредната состојба треба да заврши на 26-ти мај. Со неа се прошируваат полициските овластувања со кои ќе можат да се вршат претреси и апсења, а ќе им биде овозможено на властите да забранат движење на луѓе и возила во одредени периоди и на одредени места.